И оваа година повторно со голем ентузијазам и богата програма ќе се одржи традиционалната тридневна манифестација „Македонски ден“ во Ешален, Швајцарија – настан кој веќе прерасна во вистински симбол на македонското дружење, култура и традиција во дијаспората.
По успешните претходни изданија и одличните впечатоци од гостите и посетителите, организаторите најавуваат уште побогата програма, исполнета со музика, култура, гастрономија и незаборавна атмосфера.
Настанот започнува во петок од 16:00 до 22:00 часот со вистинска кафанска атмосфера и латино вечер, каде специјален музички шмек ќе донесе Јасмин Лопез, која ќе ја загрее атмосферата со својот препознатлив стил и енергија.

Саботата ќе биде централниот ден на манифестацијата, од 10:00 до 22:00 часот, со богат културно-забавен програмски концепт. Публиката ќе има можност да ужива во музичка програма со Зорица Дончев и Марјан Коцев, повторно латино ритми со Јасмин Лопез, настап на КУД Македонија Ешален, како и презентација на македонски вина и традиционална македонска кујна – вистинско уживање за сите сетила.
Неделата ќе биде резервирана за филмска емоција, од 13:00 до 16:00 часот, со проекција на македонскиот филм Охридски лударии, кој ќе донесе дополнителна носталгија и чувство на припадност кај македонците во Швајцарија.

Според најавите, досега се очекуваат околу 20 гости од политичкиот и културниот живот од Македонија, што дополнително му дава тежина и значење на овој голем настан.
Целата манифестација ќе биде проследена и медиумски покриена од INTV Сателитска Телевизија, која ќе биде присутна како снимател
пренесувајќи ја атмосферата до македонците ширум светот. ,а водител на настанот ке биде Даниела Г.Донческа која воедно игра една од поглевните улоги во филмот “Охридски Лудории”.
„Македонски ден“ во Ешален не е само настан – тоа е место каде Македонија живее далеку од татковината, каде традицијата се чува со срце, а музиката и заедништвото ги спојуваат генерациите.
Швајцарија повторно ќе пулсира во македонски ритам – а Ешален ќе биде центарот на македонската душа!
