На денешен ден 04.02.1872 во Кукуш, Егејскиот дел на Македонија, е роден ЃОРЃИ НИКОЛОВ ДЕЛЧЕВ

На денешен ден 04.02.1872 во Кукуш, Егејскиот дел на Македонија, е роден ЃОРЃИ НИКОЛОВ ДЕЛЧЕВ – идеологот, организаторот и еден од главните водачи на Македонското револуционерно национално-ослободително движење во крајот на 19ти и почетокот на 20ти век. ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ е рожба на македонската ослободителна епоха и репрезент на стремежот на Македонците за ослободување од отоманското ропство и создавање на своја МАКЕДОНСКА држава. Пораснал со идеите и искуствата на балканските и европските револуционери, и целиот свој живот го посветил на македонската национална револуција. Бил и учител и револуционер, идеен и воен лидер, воспитувач на првите чети и војводи, зaдграничен претставник на МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА , и важел за човек кон кого сите членови на организацијата имале посебна почит.Гоце со право може да се нарече АПОСТОЛ на Македонскиот народ во борбата за самостојност и за национална држава.Роден е како прво машко дете од вкупно 10 деца кои ги имале татко му Никола и мајка му Султана Делчеви. Од четворицата синови на Никола Делчев, тројца ќе го дадат животот за слободата на Македонија!Гоце се школувал во родниот Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), потоа се запишал во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и на крај го завшрил Военото училиште во Софија (1891–1894). Потоа се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село.Додека учел во Солун, Гоце поминувал голем дел од слободното време во читање. Ги читал делата на Пушкин, Тургењев, Дарвин, Писарев, Фламарион. Ги знаел сите дела на рускиот радикален општествен критичар Димитриј Писарев а еден од најомилените автори му бил Александар Сергеевич Пушкин.Во револуционерниот кружок во Солун, во кој членувал и Гоце Делчев, биле проучувани и биографиите на познатите светски револуционери – Џузепе Мацини, Џузепе Гарибалди, Лафајет, Костјушко, Домбровски, Кошут, Лавров, Кропоткин, Бакуњин итн.Во 1891 година Гоце станал воен питомец (јункер) во Кнежевското воено училиште во Књажево, Бугарија, со што започнала последната етапа од неговото школување. Овој последен негов тригодишен образовен период во Бугарија се поклопила со владеењето на Стефан Стамболов. Власта на овој бугарски политичар била протежирана од бугарскиот кнез Фердинанд I. Стамболов ги гушел слободољубивите пројави во бугарското општество и ги експлоатирал народните маси. Таквата состојба се чувствувала и во военото училиште каде што владеела крута касарнска дисциплина проследена со груба дресура. Целта била да се создадат послушни офицери амбицирани единствено кон полковнички и генералски еполети. Секоја слободољубива мисла била пресекувана во корен, оттука сите Гоцеви илузии поврзани со ова воено училиште се срушиле.Меѓутоа и покрај таквата внатрешна состојба, Гоце поради користа од военото образование како и честољубивоста, не го напуштил военото училиште, но се обидел да ги одврати другите Македонци од запишување во военото училиште. Оттука неговиот соученик во военото училиште – Стамат Стаматов од Дебар, кој се познавал со Гоце уште од Солунската гимназија и заедно со него бил член на револуционерниот кружок во гимназијата, за Гоце подоцна ќе каже дека кај Гоце веќе созреала идејата дека интелектуалните сили на Македонија ќе бидат пополезни во своите родни места, отколку да идат во Бугарија.Ваквото размислување на Гоце, било распламтено од македонската младина во Софија. Тој се движел сред македонската емиграција, а особено се спријателил со охриѓанецот Коста Шахов, чиј весник „Македонија“ силно делувал во раздвижувањето на Македонците во Бугарија. Престојот на Гоце во Софија се совпаднал и со појавата на Македонското студенско друштво и Лозарското движење. Кружокот кој бил формиран во военото училиште на чело со Гоце одржувал врски со Лозарите.ЛОЗАРИТЕ – ПРЕДВЕСНИЦИ НА ИСТОРИСКОТО ВМРОМладата Македонска книжевна дружина била создадена во 1891 година од македонски студенти и емигранти во Софија, познати под името Лозари а нивната македонска дејност е позната како Лозарско движење, кое Бугарија набргу по издавањето на нивниот Устав во 1894 година, ќе го забрани како сепаратистичко, затоа што пропагирало македонски јазик, македонски народ, македонска држава.Во 1891, две години пред да биде формирана Македонската Револуционерна Организација во Солун, Даме Груев и Петар Поп Арсов во Софија ќе го основаат МАКЕДОНСКОТО СТУДЕНТСКО ДРУШТВО, кое било предвесник на идната Македонска револуционерна огранизација.Основните цели на Македонското студентско друштво биле:1. Ослободување на Македонија од турското ропство.2. Формирање на револуционерна организација во Македонија.3. Врбување на истомисленици во Македонија4. Издавање на весник кој ќе се спротистави не само на турскиот терор, туку и на туѓите пропаганди – бугарската, српската и грчката.Во март 1891, по убиството на бугарскиот министер за финансии Белчев, бугарските власти како сомнителни ги уапсиле Дамe Груев и Никола Наумов, и поради тоа Македонското студентско друштво решило да се самораспушти за да бидат избегнати предвремени жртви.Неколку месеци подоцна од ова друштво ќе произлезе Лозарското движење.Во јануари 1892, новоформираната Млада македонска книжовна дружина, чиј член бил и Даме Груев, во Софија го објавува првиот број на весникот „Лоза“ и по неговото име целото движење го добива називот Лозари.Уште во првиот број во „Лоза“ се објавени текстови и статии за Македонците и за македонската кауза, за потребата од создавање посебна македонска литература, за тоа дека Македонците се посебен народ и дека треба да имаат своја посебна држава.Бугарите веднаш ја виделе опасноста од новиот весник, и во бугарскиот весник „Свобода” на 18 февруари 1892, ја алармирале бугарската јавност со следните зборови:„ … Луѓето овде имаат други цели – да создадат нов литературен македонски јазик… Следствено, прашањето се сведува кон стремежот да се воведе литературен сепаратизам што природно го влече по себе и политичкиот… во бугарската престолнина, во срцето на Бугарија излегуваат луѓе што се силат да ги расипат плодовите на толкугодишните усилби, да докажат дека Македонските Бугари се одделна нација, со посебен јазик, со посебни историски задачи!..”.Бугарскиот весник „Свобода” ги открива и основните цели на Лозарите:- „ …Од нивната статија ,Неколку белешки’ стр. 5, се гледа дека таа се вбројува ,кон денешниот преовладувачки елемент’, дека името на тој словенски елемент е ,Македонци’, дека Македонија е нивна татковина, дека таа е одделно господарство, чиешто минато е покриено со блесок и особено во времето на Филипа и Александра Велики…”.После овие текстови бугарската власт на Стефан Стамболов го забранува весникот „Лоза“, а веднаш потоа и започнува да ги прогонува и апси Лозарите и успева да го растури лозарското движење.По растурањето на Лозарите, Даме Груев се враќа во Македонија. Прво станува учител во родното Смилево, а потоа во Битола и во Солун.Во Солун во 1893, најпрво Даме Груев, Петар Поп Арсов и Иван Хаџи Николов формираат македонска револуционерна група, кон која подоцна ги приклучиле и Андон Димитров, Христо Татарчев и Христо Батанџиев, и потоа на 23 октомври сите заедно ја формираат МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА.Еден дел од Лозарите кои ќе останат во Софија до целосното растурањето на дружината од бугарската власт, меѓу кои е и познатиот македонски деец Коста Шахов, ќе го создадат Уставот на Младата македонска книжевна дружина, напишан во Мај 1894 година во кој се вели:Дружината има за цел:A. Да издава едно списание.Б. Да отвори една читална во Софија за Македонците.В. Да дава повод (иницијатива) за преземање и употреба на разни полезни средства, кои би можеле да послужат за подобрување на состојбата во Македонија, од страна на нас Македонците, сообразно потребата, времето и состојбите.Идеалите на Делчев за ослободување на Македонија и создавање на македонска држава, целосно се поклопиле со принципите на Лозарите, но имал намера најпрво да го заврши военото училиште, па потоа да пристапи кон реализацијата на таквата замисла. Оттука Гоце истакнал: „Г-не Хаџи Николов, толку време поминало, нека мине уште една година. Јас догодина го завршувам военото училиште и ќе ме произведат во офицер. Ќе поднесам оставка на офицерството, ќе дојдам во Солун и ќе формираме револуционерна организација. Откако ќе почнеме да работиме, ние ќе спечалиме авторитет и нема да има потреба да бараме друго авторитетно лице.“Меѓутоа настаните добиле забрзан тек, па упорноста на Гоце да го заврши военото училиште, му ја одзела можноста да се вброи во основачите на Македонската револуционерна организација.Гоце станал доста близок со стариот и искусен револцуионер – Никола Малешевски, а стапил во контакт и со Димитар Поп Георгиев Беровски – водачот на двете востанија во источниот дел на етничка Македонија – Разловечкото од 1876 год. и Македонското (Кресненско) востание од 1878 година.Контактите зачестиле при активирањето на Саблерската бомболеарница. Делчев не застанувал, се движел насекади и се запознал со сите побитни дејци кои се боеле за македонската кауза, се запознал и со делото на загоричанецот Димитар Благоев. За тоа влијаеле и контактите со Македонската социјалистичка група на Васил Главинов, а особено дружбата со Димо Хаџи Димов.По завршувањето на военото училиште во Софија, Делчев доаѓа за учител во Штип во 1894 година. Историската средба помеѓу Гоце и Даме Груев се случила во почетокот на ноември 1894 година во Штип. Гоце и Делииванов уште неслезени од коњите биле пречекани од Даме, кој тогаш учителствувал во Штип. Даме од порано го познавал Делииванов, меѓутоа со Гоце Делчев се сретнал првпат, но името на Гоце не му било непознато. За него, Даме првпат слушнал есента 1893 година во Солун, при сондажата за формирање на Македонската револуционерна организација, од Иван Хаџи Николов кој го информирал за високото мислење кое Коста Шахов го имал за Гоце.Даме бил понесен од невидениот елан и ентузијазам на Гоце Делчев и во учебната 1894/95 година заедно организирале нови прием на нови членови во Штип и неговата околина. Делииванов подоцна истакнува : Цел град и Ново Село беа опфатени од револуционерна треска. Зборовите на Делииванов потврдуваат дека Штип израснал во бастион на македонската револуционерна борба.Првата голема мисија на Гоце низ Македонија се датира во април 1895 година за време на велигденскиот распуст. Гоце на пат заминал заедно со Туше Делииванов. Во Велес се сретнале со Петар Поп Арсов. По оваа средба со воз заминале за Солун каде што требало да се сретнат со актуелниот претседател на Централниот комитет на МРО, Христо Татарчев. На Велигден се нашле во Кукуш каде што покрстиле 15 души во Организацијата. Меѓу зачленетите била и сестрата на Гоце, Руша Делчева, една од првите жени во МРО. Во текот на престојот во Кукуш, Гоце успеал да собере 180 лири, а непосредно пред неговото заминување сумата се искачила на 330 лири, парите биле доставени на Централниот комитет на МРО. На враќање за Штип, Гоце навратил во Дојран каде што ја формирал месната организација. Оттаму се упатил кон Фурка, Богданци, Гевгелија, Струмица и Радовиш.Во летото 1895 година било одржано Солунското советување на Македонската револуционерна организација. Советувањето било свикано од Даме Груев и се одржало под маската на учителски собир. На советувањето присуствувале Пере Тошев, Гоце Делчев, Иван Хаџи Николов и други дејци на Организацијата. На собирот било решено Организацијата да застане на патот на надворешното мешање на други држави во македонското прашање. Гоце презел нова обиколка на Солунско, Кукушко, Гевгелиско и Дојранско за време на летниот распуст во 1895 година, тој тогаш презел мерки за зацврстување и проширување на ефектите од Велигденската мисија.Од овој период потекнува и едно писмо на Гоце упатено на 29 октомври 1895 година до Ефрем Каранов, претседател на Македонското ќустендилско друштво. Гоце на еден јасен начин ја претставил сопствената концепцијата за самостојноста на македонското револуционерно движење. Во писмото Гоце Делчев ги изјаснува основните принципи на кои треба да се изградува и на кои тој ја гради македонската револуција… Гоце ја покажува тука и целта на македонската револуција… да се создаде слободна државичка… Тој го посочува и средството да се постигне таа цел: внатрешно востание. Солунскиот конгрес од 1896 година ги задолжил Ѓорче Петров и Гоце Делчев, да изработат нацрт на нов устав и правилник, согласно промените на организацискиот курс извршен на Солунскиот конгрес. Новиот Устав и Правилник биле изработени врз основа на постарите акти, но сега се дал акцент на конгресните одлуки од 1896 година.Во септември 1896 година Гоце бил назначен за главен учител (директор на училиште во Банско во учебната 1896/97 година. Во летото 1896 година по заминувањето до Скопје, Гоце престојувал во Кукуш, каде што присуствувал на свадбата на својата сестра Тина. Престојот го искористил за ревизија на кукушката организациона мрежа. Поради Доневата афера (aпсењето на Дончо Штипјанчето), Гоце се нашол во немилост кај османлиските власти и полуилегална положба.По нешто повеќе од два месеци, Гоце ја прекинал педагошката дејност, исто како што се откажал од офицерската кариера, за да се посвети целосно на македонското револуционерно движење.Веднаш по пристигнувањето во Банско, Гоце започнал со плетење на разлошката организациска мрежа. По основањето на револуционерните комитети во Банско и Мехомија (Разлог) постепено ја раширил организациската мрежа и во селата Белица, Годлево, Драглишта, Недобарско, Бања, Добриништа, Јакоруда, Елешница и Бачево. Потоа, Гоце основал револуционерни комитети во Горна Џумаја и Неврокоп. Во текот на учителствувањето, тој уредил и два канала за Рилскиот манастир низ Годлево и низ Драглиште – Добрско. Истовремено тој уредил и канал од Банско за Србиново (Брежани) и Горна Џумаја. Гоце имал примарни заслуги за втемелувањето на Македонската револуционерна организација во Пиринскиот дел на Македонија.Во Декември 1896 година е формирано ЗАДГРАНИЧНОТО ПРЕТСТАВНИШТВО на Организацијата во Софија. Самото име – Задгранично претставништво, покажува дека Македонците ја третирале Бугарија како друга, туѓа држава, надвор од македонските граници.Назначувањето на Гоце за прв задграничен претставник го најавило најплодниот период од неговиот живот. Неполни пет години, Гоце се делувал како задграничен претставник во Софија. Тој временски интервал одговара на поголемата половина од Гоцевата организациската дејност. Гоце Делчев како задграничен претставник се ангажирал најмногу во обезбедувањето на Организацијата со материјални средства, нејзино снабдување со оружје, муниција и револуционерна литература и весници, со препраќање на револуционерни сили во земјата, со обезбедување на пограничните пунктови и со грижата околу состојбата на револуционерното дело по окрузите и реоните на Македонија. Тој бил и бескомпромисен борец против врховизмот и ги разобличувал и осуетувал врховистичките акции во Македонија.Поради инсистирањето на Гоце, Централниот комитет во март 1897 година го проширил Задграничното претставништво со уште еден член – Ѓорче Петров, чиј мандат загаснал заедно со Гоцевиот во октомври 1901 година. Гоце и Ѓорче Петров со своето отворено разобличување на врховизмот, биле најзаслужни за заштита на самостојниот карактер на македонското револуционерно движење. Гоце и Ѓорче Петров уште еднаш се увериле дека намерите на Бугарија кон македонското дело се нечесни и подли, почнале да размислуваат за обиди со грабнување на турски големци – аги и бегови, да се бараат средства за откуп со кои Организацијата ќе купи оружје и муниција. Откако Гоце Делчев имал неколку неуспешни обиди за грабнување на неколку турски бегови, таа задача во свои раце ја презел Јане Сандански, кој заедно со војводите Христо Чернопеев и Сава Михајлов е главен организатор на грабнувањето на американската мисионерка Елен Стон. Иако првичен плен требало да биде американаскиот мисионер доктор Хаус, тој го откажал патувањето заради болест, па наместо него, како непланиран плен на комитите завршила Елен Стон, чие киднапирање е познато како аферата Мис Стон.Мис Стон била првиот американски државјанин во историјата киднапиран надвор од територијата на САД.Македонската Револуционерна Организација за киднапирањето добила 14500 лири, после што Елен Стон и нејзината придружничка Катерина Цилка биле ослободени. Предавањето на грабнатата мисионерка било доверено на легендарниот комита Андон Јанев Ќосето.Гоце Делчев се залагал за просветлување на силите на револуционерното движење и на поробените македонски маси. Тој поаѓал од концепцијата да изврши револуција во умовите на луѓето, да создаде просветен народ, просветна маса со која успешно ќе се изврши револуција. Оттука доаѓале Гоцевите секојдневни напори за набавка и пласирање на весници и револуционерна литература сред македонскиот народ. Меѓу другото, со негова помош биле издавани: Право, Глас македонски, Малешевски балкан, Политичка слобода, Дело итн.Бугарската влада на Константин Стоилов била фрапирана од неочекуваните димензии на Македонската револуционерна организација што делумно излегле на виделина со Виничката афера, затоа презела мерки за неутрализација на Револуционерната организација. Во март 1898 година, Гоце испратил писмо до Малешевски, во кое огорчено констатирал: Не беше доста оној гром од Виничката афера за да се разниша делото, туку и бугарска влада се зазела да ја ослободи турската власт од прогонства, натоварувајќи се самата да го уништи она што не се уништува. Прогонствата над нас се во најсилен разгор, ќе видиме дали ќе се овенчаат со успех. Тешко ним!Во јули 1898 година Гоце упатил две писма – благодарници до пловдивскиот надбискуп Роберто Менини, поради хуманитарниот гест на Паљурскиот манастир, Гевгелиско, со давањето прибежиште на седумина македонски револуционери, кои со тоа ги избегнале османлиските винички репресалии. Меѓутоа Гоцевата намера била подлабока, пред надбискупот да ги изнесе пред Света Столица светлините на македонската револуционерна борба. Гоце истакнал: „Нашата цел е да ги исправиме неправедните решенија на Берлинскиот договор по однос на Македонија и затоа нашата борба е свртена кон придобивање полна политичка слобода на оваа земја за сите луѓе што ја населуваат, без оглед на националната и верската припадност… Ние, револуционерната борба за слобода ја водиме сами, не плашејќи се од жртвите што ги даваме. Меѓутоа секоја помош од страна за нас е доказ дека нашата борба е праведна.“ФОРМИРАЊЕТО НА ПРВИТЕ ЧЕТИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И ЧЕТНИЧКИОТ ИНСТИТУТПрвиот чекор за формирањето на македонските чети го направил Гоце Делчев. Во април 1898 година, со цел побрзо да се отстранат последиците од Виничката афера, Гоце организирал во Македонија три вооружени групи, т.н. летечки илегални групи на чело со проверени поранешни легални раководители на Организацијата. Штипскиот војвода Ефрем Чучков бил определен за Малешевско, Тодор Станков за Радовишко и Стојан Георгиев за Струмичко. Овие летечки групи биле предвесници на големата борбена метаморфоза на Организацијата.Задграничното претставништво ја изработило правната регулатива за посочениот институт, издавајќи го во 1900 година Правилникот за четите. Создавањето на Четничкиот институт е неразделно поврзано со името на Гоце. Тој како ревизор (инспектор) на вооружените сили на Организацијата стекнал редок углед и израснал во неприкосновен авторитет. Најважните организациски борбени кадри од овој периоди израснале под закрила на Делчев.Набргу по Солунската афера паднал и Врховниот Комитет на Борис Сарафов. Превртливиот и нестабилен Борис Сарафов набрзо станал орудие во рацете на бугарските власти, и тој со нивна помош сакал да дојде на чело на Организацијата, и затоа дошол во судир со задграничните претставници Гоце Делчев и Ѓорче Петров.Делчев и Петров ја знаеле амбицијата на Сарафов за преземање на целото македонско револуционерно дело во свои раце.Тоа придонело да дојде до влошување на односите помеѓу двете организации Централниот Комитет и Врховниот комитет. Гоце Делчев бил обвинет од врховистите дека сака да стане врховен командант на сите востанички сили, и дури бил физички нападнат во просториите на врховниот комитет од страна на Христо Саракинов . За овој настан Ѓорче Петров истакнува: Делчев велеше: Или тие ќе те газат, или ти ќе ги газиш… Тој настан не остана без значење во подоцнежниот однос на Делчев кон комитетот и воопшто кон офицерите. Тој веќе не можеше да ги трпи. Од тој настана, Гоце престанал да ги посетува седниците на Врховниот комитет на Сарафов.Сарафов потоа го повикал бугарскиот генерал Иван Цончев да застане на чело на Комитетот според претходно постигнат договор. Меѓутоа во меѓувреме доаѓа до Солуската афера и Сарафов под влијание на своите блиски и пријатели го менува решението сметајќи дека ќе може да владее и со Врховниот и со Централниот комитет. На тој начин Цончев бил измамен и ќе дојде до поделба на Врховниот комитет на две крила: сарафисти и цончевисти. Меѓутоа, судирот меѓу двете крила го искористила бугарската влада кога 23 март 1901 година Борис Сарафов бил уапсен со дел од комитетот и бил обвинет за две убиства, едното на романски новинар. Апсењето и судењето на членовите на Комитетот било политичка фарса со цел да им се овозможи на цончевистите да го преземат Комитетот во свои раце, а Иван Цончев успеал во тоа на VІІІ македонски конгрес. Гоце Делчев на 7 април 1901 година се обратил пред VІІІ македонски конгрес и притоа истакнал: „Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, туку и да го разбие нивниот ропски дух. Пред да влеземе во врска со комитетот од 1899 година, нам ни помагаа офицерите. Врската сега не постои бидејќи Борис Сарафов сакаше да прати од тука свои луѓе за раководители на Внатрешната организација… Се спротивставивме на Сарафов, зашто ако тој испратеше од тука луѓе за раководители.. ќе се создадеше катастрофа… Само ако тукашната Организација го одобрува духот на Внатрешната организација и не се стреми да ѝ дава импулс, воздејство, т.е. да не ѝ се меша во нејзините работи, само во таков случај може да постои врска меѓу тие две организации.“Во ноември 1901 година Гоце пристигнал во Битола, центарот на Битолскиот револуционерен округ и Битолскиот вилает. Таму Гоце престојувал три недели. Тој во текот на 20 дена, Гоце извршил рутинска инспекција на Битолскиот окружен комитет, имал две средби со Даме Груев во Битолскиот затвор, мноштво активности и средби со Окружното раководство. Тој бил свесен за можноста од исфорсирано востание. Оттука, тој со аргументи настојувал да ги убеди членовите на Битолскиот окружен комитет дека востанието е средство, а не цел.Битолскиот окружен комитет пред Гоце изнел некои од проблемите, нагласувајќи го прашањето за зацврстување на четничкиот институт во Битолскиот округ, бил подвлечен недостатокот од недостиг на интелигентни и војнички изградени војводи. Во присуство на Гоце, со знаење и одобрение на Даме Груев, бил реорганизиран Битолскиот окружен комитет. Во новиот состав влегле: Георги Поп Христов, Ѓорѓи Сугарев, Аце Дорев, Атанас Лозанчев, Ѓорѓи Пешков и Неделко Дамјанов. Покрај тоа бил формиран и Битолски околиски комитет во кој влегле: Александар Евтимов, Лука Ѓеров и Кирил Лозанчев. Мошне биле драгоцени инструкциите и насоките на Гоце кон овие две раководни тела. Георги Поп Христов истакнува: По доаѓањето на Делчев веднаш се почувствува засилување на револуционерниот дух во Округот. Нарасна борбеното настроение и вооружувањето мошне многу се засили. Револуционерната дејност стана поактивен, понападна.Во јануари 1903 година се одржал Солунскиот конгрес. Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и другите централисти биле категорично против востание и не присуствувале на конгресот, Даме Груев бил воздржан и се залагал востанието да не биде масовно, туку со повремени четнички акции, но и тој не присуствувал на конгресот, а бугарските соработници Борис Сарафов, Христо Матов и останатите кои биле подбуцнати од Бугарија биле за востание. Еден од делегатите на конгресот кој бил против востанието е Лазар Димитров како делегат од Серскиот округ на ЈанеСандански. Димитров во своите спомени ќе напише:„Конгресот по својот состав беше незаконит: според Уставот прецизно се бара, денот на востанието да го определи ЦК и окружните и околиските комитети. Конгресот траеше два дена. Немаше опозиција: единствено јас бев опозиција и затоа траеше два дена. Јас бев против: прво – затоа што нашиот, Серскиот реон не беше подготвен за востание, а знаев дека и другите не се подготвени и, второ – затоа што мислев дека тој период не е соодветен, откако Ламсдорф категорично се искажа против движењето. Освен тоа, однапред го знаев мислењето на Сандански, на Делчев и на другите, кои беа против.“Претходно, по Солунската провала во 1901 година, печатите од Централниот комитет завршиле во рацете на Бугаринот Иван Гарванов, кој бил поддржан и од предавникот Борис Сарафов, кои заедно со Христо Матов го организирале Солунскиот конгрес на кој била донесена одлуката за кревање на востание. Иако голем дел од македонските револуционери биле против предвремено кревање на востанието, сепак откако било донесена одлуката за востание, одлучиле да учествуваат во истото. Резултатите од недоволно подготвеното востание ги знаеме. Сепак Илинденското востание останува тој симбол на непокор и на храбрата борба на Македонците за ослободување од турското ропство. На крајот на април 1903, поточно на 28, 29 и 30 април во Солун се случиле Солунските атентати. Македонските гемиџии со своите акции 3 дена го треселе Солун со бомби и експлозии, ја дигнале на нозе целата Османлиска империја. Гемиџиите поставиле динамит на пругата Истанбул – Солун и го прекинале железничкиот сообраќај. Павел Шатев го запалил францускиот брод Гвадалкивир, Коста Кирков со динамит ја разнел гасната централа при што цел Солун останал во темница. Откако Солун останал во темница, Орце Поп Јорданов го активирал експлозивот и ја дигнал во воздух австриската Отоман банк. Милан Арсов, Димитар Мечев, Илија Трчков, Марко Бошњаков и Ѓорѓи Богданов фрлале бомби пред хотелите и познатите кафеани во Солун во кои престојувале разни европски дипломати и гости. Владимир Пингов предизвикал пожар кај „Бошњак-ан и фрлал бомби пред вратата на Топхането (турската државна управа).Три дена македонските херои со бомби и динамит удирале по европскиот капитал во Солун, со цел да го свртат вниманието на Европа кон тешката положба и ропството на македонскиот народ во Отоманската империја.После атентатите на почетокот на Мај 1903 година дошло до масовно раздвижување на турската војска на целата територија на Македонија, посебно во околината на Солун. Убиството на Гоце ќе дојде неколку дена подоцна, на 4 мај 1903 година во селото Баница, Егејскиот дел на Македонија. Останува до крај нејасно дали Гоце заврши како жртва на масовните потери на турските сили после атентатите или беше предаден на Турците од непријателите на македонското дело – врховистите. На пат за Ловчанската корија на Али Ботуш, каде што го закажал Конгресот на Серскиот револуционерен округ, Гоце запрел во селото Баница, Серско. Таму се сретнал со четите на Бродалијата и Димитар Гуштанов. Овде се затекнал и Димо Хаџи Димов. На 3 мај 1903 година, вечерта, Гоце бил мошне импресиониран од Солунските атентати и во селото Баница ги изрекол зборовите: „Ги разигравме анамите со широките шалвари во Солун, така ќе ја растресеме целата турска гнила империја од темел“.Според сведоштвото на Михаил Чаков кој бил директен учесник во битката кај Баница, тој разкажува дека взори бил разбуден од еден полјак од селото кој му јавил дека Баница била полна со аскер. Чаков го упатил полјакот кај Гоце за да му го соопшти истото. Меѓутоа штом полјакот слегол доле бил прибран од аскерот. Чаков се извлекол и се упатил кон куќата каде што бил сместен Гоце. При средбата, Гоце направил распоред за одбраната, а потоа, штом забележал дека војската одела по куќите и претресувала, заповедал да излезат надвор од селото.Откако ја напуштуле куќата, Турците почнале да пукаат и започнале битка со комитите. Сите залегнале, а Гоце, според Чаков, застанал простум да ја полни пушката. Чаков ќе напише: Како луд му свикав: Легнувај, Гоце! Легна, но на самото легнување еден куршум го пронижа во левата града, и тој падна врз својата пушка… ги стави двете раце наземи и проба да стане гледајќи кон другарите што беа се растуриле покрај ѕидот на куќата и ги рече последните зборови: Ах, момци, рани…и пушти душа. Веднаш го фатив за левата нога, и колку глас ме држи викав: Гоце, Гоце! – Никаков одговор. Изгасна засекогаш јуначката натура.“Димо Хаџи Димов, близок соработник и пријател на Гоце, и самиот учесник во борбата кај Баница ќе напише:„Петнаесет часа ние го гледавме мртвиот Гоце, наведнат, чиниш, врз грбот на Македонија. И петнаесет часа ни се кинеа срцата“. Во борбата кај Баница учествувале 14 борци. Биле убиени: Гоце Делчев, Стефчо Трлишанчето, Кољо Консулата, Димитар Гуштанов и Естатиј Арнаутчето. Ѓорѓи Савеклијата бил тешко ранет и уапсен од Турците, а другите комити меѓу кои бил и Михаил Чаков и Хаџидимов, се извлекле преку една плевна надвор од селото.Гоцевата смрт била регистрирана во повеќе османлиски телеграми. Борбата кај Баница најпрво била регистрирана во шифрираната телеграм од управата на Серскиот санџак од 4 мај 1903 година, а Гоцевата смрт во шифрираната телеграма на Солунската окружна управа од 5 мај 1903 година. Османлиското задоволство било големо. Високата порта издала официјално соопштение со што ставила посебен акцент на настанот. Во тој контекст, Хусеин Тефиков бил унапреден во аскерски полковник. Ненадејната смрт на Гоце, нашла место во дипломатските извештаи.ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ЗАСЕКОГАШ ЌЕ ОСТАНЕ НАРОДЕН УЧИТЕЛ И БЕСПРЕКОРЕН РЕВОЛУЦИОНЕР, АПОСТОЛ И ВОДАЧ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО БОРБАТА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ И СОЗДАВАЊЕ СЛОБОДНА И АВТОНОМНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА. „ Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“ – Гоце Делчев (во писмо до Даме Груев)ВЕЧНА ТИ СЛАВА ВОЈВОДО!

256Vaska Goce Blazeski и 255 други3 коментари42 споделувањаМи се допаѓаКоментирајСподели

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*