Овие криминалци 4 години само ја пустошеа и пљачкаа Македонија. Ајде да зборуваме за 16 милијарди евра на граѓаните. Ајде да зборуваме за новиот долг, 4.500 евра го задолжија секое семејство. Што ветуваа, а што направија? Се сеќавате на ветувањата за 500-600 километри автопат, тие не можеа со бела лента да го обојат веќе направениот автопат од владите на ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во скопски Карпош.
„Тие само потрошија 16 милијарди пари на граѓаните, да зборуваме за 6 илјади фамилии кои ги завија во црно, повеќе пд 6 илјади граѓани починаа од корона, ајде да зборуваме за економија ги ветуваа Гугл, Фејсбук, Икеа. На дното сме по домашни и странски инвестиции. Осум од 10 мои студенти ја напуштаат Македонија”, кажа Мицкоски.
Мицкоски се осврна и на актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, а и кандидат за градоначалник на Скопје и на овие избори.
„Еден мал Зоран, оној Шилегов е единствен градоначалник кој направи мост што завршува во куќа во дневна соба. Скопје е единствениот град каде се гради мост од Аеродром до Ќерамидница и завршува директно во семејна куќа. Нема друг таков пример, само Петре може да изгради таков мост”, рече Мицкоски.
(Видео) Мицкоски: Шилегов е единствен градоначалник кој направи мост што завршува во куќа, во дневна соба
Ламбе Алабаковски осуден на условна казна од шест месеци за палењето на „Ванчо Михалјов“
Пејачот Ламбе Алабаковски е осуден на условна казна од шест месеци за потпалувањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, […]
73 Украински Војници Го Положиле Оружјето И Ја Промениле Страната – Сега Се Борат Заедно Со ДНП И Русија
Заменик-шефот на одделот на Народната милиција на Доњецката Народна Република, Едуард Басурин, соопшти дека повеќе од 70 војници на украинските […]
23 годишен Ресенчанец починал од КОВИД 19, се заразил на неговата свадба
23 годишен маж од Ресен починал од КОВИД 19 во болница во Битола, каде бил хоспитализиран. Неофицијално ресенчанецот се заразил […]
По 5000 денари за секое прваче во Општина Новаци
Во општина Новаци започна новата учебна година каде што во сите подрачни училишта наставата ќе се одвива со физичко присуство […]