На крајот на април 1903 година Солун беше вознемирен од акциите на група млади атентатори – гемиџии кои сакаа да ја разбудат заспаната совест на Европа и да го свртат вниманието на светската јавност кон страдањата на македонскиот народ под власта на заостанатиот османлиски режим. Нивниот чин на саможртва останува како гордост на Македонците, зашто во еден историски момент повеќе ја сакале смртта отколку неслободниот живот. Меѓу нив беа:
Јордан Поп Јорданов – Орцето (Велес 1881 – Солун 1903), помлад брат на револуционерот Миле Поп Јорданов. Се сметал за прва личност меѓу гемиџиите. Бил живо олицветорение на вонредно силна волја, упорна цврстина и непоколеблива доследност. Загинал во куќата во која што живеел во Солун, фрлајќи ги последните бомби врз османлиските војници кои го држеле под опсада.
Константин Кирков (Велес 1882 – Солун 1903), убиен од османлиски жандар. Бил неверојатно воспитан, учтив, голем индивидуалист и фанатичен приврзаник на анархизмот. Загинал при обидот да ја крене во воздух телеграфската станица во Солун.
Марко Бошнаков (Охрид 1878 – Фезан, Мурзук, Африка, 15 февруари 1908), бил фатен од османлиските власти и предаден на специјален воен суд, заедно со Павел Шатев, Георги Богданов и Милан Арсов. Првично осудени на смрт со бесење, казната им била преиначена со доживотен затвор.
Владимир Пингов (Велес 1883 – Солун 1903), се одликувал со весел дух и неверојатна ладнокрвност која делувала смирувачки врз неговите другари во решавачките моменти. Бил сакан од целиот кружок заради својата ведра природа. Во „Мемоарот на Внатрешната организација“ стои дека бил убиен пред црквата „Св. Димитар“.
Димитар Мечев (Велес 1870 – Солун 1903) заедно со Илија Трчков (Велес 1884 – Солун 1903), откако фрлиле повеќе од 60 бомби, истрчале пред куршумите на осмалиската жандармерија и загинале.
Цветко Трајков (Битола – Солун 1903), откако не успеал да го ликвидира солунскиот валија Хасан Фехми Паша, ја активирал бомбата, седнал на неа и така загинал.
Павел Шатев (Кратово, 15 јуни 1882 – Битола, 30 јануари 1951), бил задолжен да го потопи францускиот брод „Гвадалкивир“. Акцијата успешно ја извршил. Патниците биле спасени, а бродот бил запален. Бил суден и затворен во Еди куле, а на 26 април 1906 г. смртната казна му била заменета со доживотен затвор во Фезан. По Младотурската револуција бил амнестиран во општата амнестија. Починал во куќен затвор во Битола, како жртва на информбировските чистки.
ВЕЧНА СЛАВА НА ХЕРОИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!
СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТОРИ
Апасиев: Со репетиран калаш на слепоочница се пишуваат најубавите пратенички статуси
Вистинска драма се одвиваше денеска во Собранието при собраниската седница за гласање доверба на Владата. Пратеникот Кастриот Реџепи од Беса […]
Заев: Очекуваме пресврт и победа во вториот круг на изборите
Претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека во вториот круг очекува мобилизација на прогресивното гласачко тело. Тој смета дека граѓаните […]
МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АВСТРАЛИЈА ОДБЕЛЕЖАН 11 ОКТОМВРИ ВО СИДНЕЈ
Во организација на Прилепското друштво „Методија Андонов Ченто”, синоќа во Сиднеј се одржа централната македонска прослава на која беше одбележан […]
Биљал Касами ја презеде функцијата градоначалник на Тетово
Во Општина Тетово денеска беше извршено примопредавање на градоначалничката функција од досегашната градоначалничка Теута Арифи кон новоизбраниот Биљал Касами. Арифи […]