Започнува нова сезона на музичкото шоу „Имат/Немат“ во Охрид

Во Охрид започна снимањето на новата сезона на популарното музичко шоу Имат/Немат, кое традиционално се реализира во студиото на ИН Продукција.

Ова шоу важи за едно од најгледаните музички формати меѓу македонската дијаспора. Се емитува на сателитската телевизија IN телевизија, како и на повеќе регионални телевизии низ Македонија, додека премиерните епизоди редовно се објавуваат и на YouTube каналот на ИН Продукција.

Во „Имат/Немат“ досега гостувале речиси сите познати македонски фолк пејачи, но и дел од изведувачите од забавната сцена. Токму од ова шоу произлегле бројни хитови, а многу песни добиле и свое „второ раѓање“ преку нови изведби.

Минатата година, екипата на шоуто реализираше успешна турнеја низ Австралија, а веќе се најавува и нова меѓународна турнеја.

Новата сезона носи значајни новитети – снимањето се одвива во поголемо студио, со голема сцена и публика до 150 луѓе. Освен тоа, воведен е и освежен концепт на емисијата, со нова сценографија и модернизирано студио.

Од продукцијата најавуваат динамична сезона исполнета со нови хитови и незаборавни музички моменти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*