Со голема радост и љубов кон татковината, ве покануваме на незаборавна тридневна прослава на македонската култура, традиција и дух! Во срцето на Швајцарија, заедно ќе создадеме мост меѓу корените и иднината, исполнет со музика, вкусови и емоции кои обединуваат.
ПЕТОК – 5 ЈУНИ (15:00 – 22:00)
Започнуваме со опуштена атмосфера и топло добредојде:
Бар и традиционална кујна со автентични македонски специјалитети
Латино ритми со Јасмин Лопез – уникатен спој на македонска душа и кубански ритам
Вечер исполнета со танц, насмевки и пријателство
САБОТА – 6 ЈУНИ (10:00 – 22:00)
Ден посветен на културата, традицијата и гастрономијата:
Богата културно-забавна програма
Дегустација на врвни македонски вина од четири винарии
Презентација на традиционална македонска кујна
Настапи на културно-уметнички друштва со народни ора и песни
НЕДЕЛА – 7 ЈУНИ (13:00 – 16:00)

Завршница со уметност и филм:
Филмски фестивал во кино салата Ешален
Проекција на филмот „Охридски Лудории“
Резиме и свечено затворање на настанот
Кино бар и дружење во пријатна атмосфера
✨ Да славиме заедно – традиција, вино, храна, музика и македонски дух што не згаснува!
Да покажеме дека Македонија живее во секое срце, каде и да сме!
🇲🇰 Ве очекуваме – да бидеме едно, како што сме отсекогаш! 🇲🇰


