Голем духовен и историски настан ќе се одржи на 3 мај 2026 година во рамки на Sv Petka Monastery, каде што ќе бидат осветени вкупно тринаесет мали цркви.
Свечената богослужба ќе започне во 10:00 часот, а се очекува присуство на бројни верници, гости и поддржувачи од македонската дијаспора во Австралија.
По чинот на осветување, ќе следува аукција за секоја од црквите поединечно, што претставува ретка можност верниците да станат дел од овој значаен проект. Организаторите информираат дека во наддавањето може да учествува секој заинтересиран, а донациите можат да бидат направени индивидуално или заеднички од повеќе семејства.
Настанот не е само религиозен, туку и заеднички собир со силна симболика, каде што се спојуваат верата, традицијата и заедништвото. По завршувањето на аукцијата, за сите присутни ќе бидат обезбедени освежување и дружење.
Организаторите упатуваат отворена покана:
👉 „Сите се добредојдени да ни се придружат на овој значаен ден во манастирот Св. Петка.“
За дополнителни информации, заинтересираните можат да стапат во контакт со:
📞 Гоце – 0410 515 527
https://www.youtube.com/shorts/J7XaGHmAdDs



