Елена Велевска со трето место на „Песна на летото 2025“

Uncategorized

Популарната фолк ѕвезда Елена Велевска на годинешното издание на фестивалот „Песна на летото“ го освои третото место според одлуката на стручниот жири. Таа настапи со својата најнова песна „Останав дама“, која публиката ја прифати со бурни аплаузи и одлични коментари.

Фестивалот „Песна на летото“ веќе пет години се одржува традиционално, секоја година во различни градови низ Македонија, но последните две години центарот на оваа музичка манифестација е токму Охрид. Сцената под отворено небо, летната атмосфера и богатата музичка програма повторно собраа бројна публика и најголемите имиња на македонската естрада.

Со својот впечатлив настап и елегантен сценски изглед, Елена уште еднаш потврди дека со право важи за една од најпрепознатливите фолк пејачки во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *