На годинешното издание на престижниот музички фестивал „Песна на летото“, наградата за најдобар летен хит заслужено им припадна на групата Здраве Мјузик со нивниот енергичен и заразен хит „Ова лето“. Песната, која веќе неколку месеци доминира на радио и забави низ Македонија, стана вистинска химна на летната сезона.
Здраве Мјузик, кои важат за најбрзорастечка група на домашната музичка сцена во изминатата година, со својата препознатлива енергија и позитивна атмосфера, успеаја да ја освојат и публиката и стручното жири. Со овој успех, тие ја потврдуваат својата позиција како едни од најбараните изведувачи во моментов.

Фестивалот „Песна на летото“ и оваа година ја оправда својата репутација, собирајќи на едно место врвни изведувачи и нудејќи незаборавна вечер исполнета со музика, забава и емоции.


