Сергеј Марков, политички коментатор од Москва и поранешен близок советник на рускиот претседател Владимир Путин, за Би-Би-Си тврди дека легендарниот руски воен брод „Москва“ потонал откако бил погоден од ракета на НАТО што во јануари била пренесена во Украина.
Тој за време на интервјуто за Би-Би-Си Радио 4 призна дека загубата на бродот е неуспех на руската армија, но дека тоа е затоа што Русија се бори не само против Украина, туку и против „коалицијата на големите сили, вклучително и Соединетите држави. “.
Потсетуваме дека крстосувачот „Москва“ потона минатата недела во Црното Море.



