На овогодинешното издание на „Песна на летото 2025“, наградата за најдобра поп песна замина во рацете на харизматичниот дует Rey и Dani Daniela. Со својата најнова нумера „Mi Amor“, тие успеаја да го освојат и публиката и стручниот жирирачки состав.
Особено внимание привлече Дани, која овојпат ја видовме во поинакво, помодерно и урбано светло, покажувајќи дека може подеднакво добро да се снајде и надвор од фолк-жанрот по кој е препознатлива. „Mi Amor“ е свежа, летна песна со модерен аранжман и заразен ритам, која веќе почнува да се слуша на радио и во клубовите низ Македонија.
Настапот на големата сцена беше проследен со громогласен аплауз, а критичарите едногласно се согласија – ова е едно од најпријатните изненадувања на фестивалот.

