Кузеска: Растат платите, пензиите и финансиската помош, го штитиме стандардот на граѓаните

Uncategorized

Владата предводена од СДСМ во време најголемата светска економска криза во последните 70 години, обезбедува силна поддршка за граѓаните и за компаниите. Антикризните мерки, пред се укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи, горивата, субвенционирањето на сметките за електрична енергија, овозможуваат повеќе пари да останат во семејните буџети. Истовремено СДСМ работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните со континуирано зголемување на платите. Благодарение на успешните политики просечната плата се зголеми на речиси 30.000 денари. Тоа е за над 6.000 денари повеќе, во однос на периодот од пред четири и пол години, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *