Во минатото чаршијата често била зафаќана од пожари. Двата поголеми пожари биле во 1834 год., кога биле опожарени околу 2000 објекти и во 1863 год, кога целосно изгорела чаршијата, од Дрвен пазар се до Ат-пазар (или 1/3 од градот).
После големиот пожар од 1863 год. се донесол декрет кој налагал, при обновата на чаршијата, новите дуќани да се градат од високо квалитетни матерјали. Декретот барал во градбата да се користат исклучиво тули и камења врзани со малтер, а меѓу катовите да се користи цврста конструкција.
Чаршијата изградена по такви норми опстојува дури до денешно време.



