(ВИДЕО) Макрон повторно нападнат, овој пат го погодија со јајце во глава

Uncategorized

Макрон при посета на саем во францускиот град Лион беше погоден со јајце во главата, кое за среќа не се скрши. Меѓутоа ова не е прв напад на францускиот претседател. Тој на 8 јуни доби шлаканица од човек во публиката

Францускиот претседател Емануел Макрон беше погоден со јајце во главата за време на посетата на Интернационалниот саем за хотели, угостителство и храна во Лион.

Јајцето се одби од главата на францускиот претседател и не се скрши, а напаѓачот извика „Да живее револуцијата“. Мажот облечен во бермуди брзо беше совладан, уапсен и изнесен од зградата.

https://twitter.com/i/status/1442433246415970304

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *