„Тоа се лаги кои созреаа во циничната имагинација на украинската пропаганда“, рече Дмитриј Медведев, кој беше претседател од 2008 до 2012 година, а сега е заменик секретар на Советот за безбедност на Русија.
Еден од најблиските сојузници на Владимир Путин, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека тврдењата оти руските сили егзекутирале цивили во Буча се лаги и пропаганда на Украина и на Западот и дека имаат за цел да ја дискредитираат Русија.
„Тоа се лаги кои созреаа во циничната имагинација на украинската пропаганда“, рече Дмитриј Медведев, кој беше претседател од 2008 до 2012 година, а сега е заменик секретар на Советот за безбедност на Русија.
„Тие лаги се измислени за огромни суми пари“, рече Медведев. Претходно, Вјачеслав Володин, претседател на Долниот дом на рускиот парламент, изјави: „Ситуацијата во Буча е провокација со цел да се дискредитира Русија. Вашингтон и Брисел се сценаристи и режисери, а Киев се актери. Нема факти – само лага.” Ниту еден не обезбеди никаков доказ за да ги потврди нивните тврдења.

