Кога тројцата руски космонаути стигнаа на Меѓународната вселенска станица во жолти скафандери со сини додатоци, некои во нив видоа порака во боите на украинското знаме. Но, космонаутите вчера го демантираа тоа, објави „Гласот на Америка“.
Космонаутот Олег Артемјев рече дека секој екипаж бира боја на летечките одела околу шест месеци пред лансирањето бидејќи тие треба поединечно да се сошијат. А, бидејќи сите тројца биле дипломци на Московскиот државен технички универзитет Бауман, тие ги одбрале боите на својот престижен Универзитет.
„Нема потреба да бараме било какви скриени знаци или симболи во нашата униформа. Бојата е едноставно – боја. Тоа не е на ниеден начин поврзано со украина. Во спротивно би морале да ги признаеме нејзините права на жолто сонце на сино небо. Овие денови иако сме во вселената, ние сме заедно со нашиот претседател и со нашиот народ!“ – рече Артемјев во изјавата на Телеграм каналот на руската вселенска агенција.
Откако Русија ја нападна Украина пред нешто повеќе од три недели, многу луѓе го користат украинското знаме и неговите бои за да покажат солидарност со земјата.
Шефот на вселенската агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин, го повтори ставот на космонаутот Артемјев во својот твит поставувајќи фотографија од сино-жолтиот грб на Универзитетот Бауман.
https://twitter.com/Rogozin/status/1505200471979528192?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1505200471979528192%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.vecer.press%2Fd180d183d181d0bad0b8d182d0b5-d0bad0bed181d0bcd0bed0bdd0b0d183d182d0b8-d0b2d0be-d0b1d0bed0b8d182d0b5-d0bdd0b0-d183d0bad180d0b0d0b8d0bd%2F
