Да токму така, нашата дива, златното Македонско грло Анета Мицевска со својата група „Молика“ растураат по Австралија и околината.
За нашиот портал ексклузивно не ги криеа своите позитивни импресии од своите настапи ширум Австралија, така нашиот пријател – кралот на зурла Џељо Дестановски на телефонски разговор со нас ни откри повеќе..
- Новата година поминавме одлично, расположението беше на максимално ниво, неможеше подобро – им честитам на овие прекрасни луѓе од група „Молика“ – Александар на тапани, Зисо на сајзер, Горан сакс, Џими бас, Јовица, како и на нашата кралица Анета Мицевска..
- Ова е големо искуство воедно и најубавото чувство во мојот живот, нашите Македонци кои живеат во дијаспората ја негуваат Македонската музика во право светло, за прв пат сум тука и се надевам дека ќе се гледаме уште долго…




