Канал 5: Сметките за струја од 1ви јануари би се зголемиле за 38%, а не 10 како што најавуваа од Владата

Сметките за струја од 1ви јануари би се зголемиле за 38%, според првичните барања на енергетските компании, а не десет проценти како што најавуваа од владата, објави Канал 5.

ЕВН – Електродистрибуција веќе доставила барање за 100% зголемување поради големите загуби во мрежа и високите берзански цени на струјата, што според претседателот на РКЕ Марко Бислимовски што би значело 34% зголемување на крајната сметка за струја. Се очекува да пристигне и барањето од МЕПСО, кои веќе најавија дека нивните пресметки покажуваат 60% поголеми трошоци, што би значело дополнителни зголемување од 4% на крајната сметка. Освен МЕПСО, се очкеува и барањето на ЕВН Хоум.

Владата пак веќе се подготвува за поскапувањето. Планираат да ги помагаат најсиромашните 45.000 семејства со по 1.000 денари месечно.

Текстот во целост на: Канал 5.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*