Австралија -границата се отвора за квалификувани работници и за студентите, а Викторија ги олеснува здравствените наредби

  • На целосно вакцинирани квалификувани работници и странски студенти, им е дозволено да влезат во Австралија, без потреба од формално ослободување за патување. Границите се отвараат за нив, по две години откако границите беа затворени на почетокот на пандемијата
  • По 22 месеци затвореност, Тасманија повторно ја отвори границата со остатокот од Австралија.
  • Жителите на Викторија повеќе нема да треба да бидат целосно вакцинирани за несуштинска малопродажба, свадби, погреби и да користат услуги за недвижнини според промените на наредбите за јавно здравје на државната влада.
  • Дневниот број на нови инфекции со КОВИД-19 во Нов Јужен Велс ,скокна за повеќе од 500, додека државата се подготвува за понатамошни бранови, зашто невакцинирани луѓе сега се слободни да купуваат и да се дружат.
  • Властите во Нов Јужен Велс потврдија 25 нови случаи на варијантата Омикрон Ковид-19, со што вкупниот број во државата достигна 110.
  • Моделирањето од Универзитетот во Нов Јужен Велс покажа дека државата може да има 25.000 нови случаи на КОВИД-19 дневно до крајот на јануари, рече министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Бред Хазард.
  • Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, вели дека Омикрон се шири со стапка што „не сме виделе со ниту една претходна варијанта“.
  • Две дози од вакцината против Ковид-19 на “Фајзер” се чини дека дадоа 70 отсто заштита од хоспитализација во Јужна Африка во последниве недели, откри реалната студија за потенцијалното влијание на Омикрон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*