Ниту ДУИ, ниту Беса – Заев вели дека нивните гласачи сами ќе изберат за кого ќе гласаат

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вели дека имал средба со коалициските партнери и дека добил уверување од нив дека остануваат лојални. Со ова се разобличија дезинформациите дека ќе има ново парламентарно мнозинство рече Заев. Но што станува со поддршката за вториот круг на локалните избори во кое СДСМ треба да избере кому ќе му ја даде дали на ДУИ или на БЕСА. Можно ли е ова да го прекрши владиното мнозинство и Беса сепак да одлучи да формира ново мнозинство со ВМРО-ДПМНЕ?

„Кога сме со два кандидати коалициони партнери нормално нашите поддржувачи одлучуваат слободно. Прво поддржувачите рековме дека никој од нас, нашите гласачи не ги носи во џебот. Ниту има некаква контрола врз нив или слично. Дури и нашите членови, ќе добијат инструкции оти тие се членови и активисти на СДСМ –  слободно по сопствено убедување, во Тетово, во Желино, или во соодветни други општини„, истакна Зоран Заев.

Заев сепак призна дека првиот круг на локалните избори добиле слаб резултат и дека тоа е порака од граѓаните. Тие ни дадоа жолт картон и затоа нема повеќе толеранција на грешките.

„Граѓаните ни упатија јасна критика, опомена, би рекол и казна. Ние тој став, тој глас го слушаме, го разбираме и го уважуваме. Свесни сме и јас лично и партија дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки. Оваа опомена која ни ја дадоа граѓаните ќе се рефлектира и врз подобрување на работата и на општинските и на централните институции и на Владата“, посочи Зоран Заев.

Заев рече дека во вториот круг имаат кандидати во 40 општини меѓу кои и на градот Скопје. Изборите во кои ќе се изберат и преостанатите градоначалници ќе се одржат на 31 октомври.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*