Жител на едно кавадаречко село објавил видео на социјалните мрежи како има секс со магаре. Смимањето го направил негов пријател со мобилен телефон и потоа снимаката ја препраќал на други лица и потоа јавно ја објавил на Фејсбук.
За овој чин кој се случил на 15 март годинава, судот во Кавадарци му одредил парична глоба од 400 евра. Од судот за весникот ВЕЧЕР ја потврдија случката и велат дека пресудата е правосилна затоа што лицето не се жалело на судската одлука.
Имено, станува збор за кривично дело „Задоволување на полови страсти пред друг“ за што и му е изречена таква глоба. Од судот велат дека станува збор за младо лице кое го сторил чинот во близина на фудбалското игралиште во неговото село.
Судијата во образложението за пресудата констатирал дека кривичното дело се состои во вршење полово дејствие пред друг на јавно место, со што е прекршен половиот морал и правилниот развиток на децата.
Инаку, судијата во Основен суд Кавадарци му изрекол парична казна од 40 дневни глоби во вредност од по 10 евра, или вкупно 400 евра во денарска противвредност.

