Негочани се наоѓа на 17 километри северно од Лерин и на 8 северно од Долно Клештино, на река Ракова во Леринското поле на самата граница со Вардарскиот дел на Македонија.Во Негочани функционира граничен пункт Негочани-Меџитлија.Селото за прв пат се споменува во османски тефтер од 1468 година под името Негочани со 200 домаќинства.

Во 1481 бројот на домаќинствата паѓа на 112. Во селото се одгледуваат лозја, лен, коноп, пчели и свињи. Во селото има мелници и пазар. Во османски даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Манастир од 1611-1612 година селото е забележано под името Негочан со 65 џизие ханиња (домаќинства).Во почетокот на 20 век Негочани е македонско-албанско село во Битолската каза. Во 1905 година во Негочани функционира грчко училиште.Во Граѓанската војна селото многу настрадало, и како последица на тоа, бројот на населението почнал да опаѓа, главно поради сè поголемото отселување на жителите во прекуокеанските земји.Негочани учествувало во организирањето на НОФ, во состав на ДАГ дало 10 борци, од кои тројца ги дале животите: Митре Абуков, Крсте Гаџовски и Коста Тодоровски (Марков).Главно занмање на населението се производството на жито и сточарски преработки.Пописи:1913 – 630 жители1920 – 562 жители1928 – 662 жители, од кои 18 бегалски семејства – 77 души.1940 – 834 жители1951 – 803 жители1961 – 696 жители1971 – 508 жители .




