Откако ја совлада мајсторијата со моторите дружејќи се со постариот брат Заев, министерот за здравство амбицијата за вовлекување во муртинското семејство ја прошири и на помладиот – Вице. Последните сончеви зраци Вице и Венко ги користат оптегнати на лежалки за ковање стратегија за борба со пандемијата. Доказ за ова се овие фотографии објавени на социјалните мрежи, на кои освен Вице и Венко убаво се гледа и за каков тип забава се одлучиле.

Според информациите што се споделуваат на Твитер, Венко и Вице се фотографирани на „текила забава“ во Пефкохори.


