Дали Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен или ќе се врати дома, ќе се знае дури во понеделник, а дотогаш тој ќе биде во хотелски карантин во Мелбурн.
Неговите адвокати вложиле жалба во Федералниот суд за да се спречи федералната влада да го депортира пред почетокот на Отвореното првенство на Австралија.
Ова доаѓа откако вчера по повеќечасовна драма на аеродромот во Мелбурн не му беше дозволен влез во Австралија поради проблеми со визата.
Ѓоковиќ е сместен во имиграциски притвор во хотелот „Парк“ во Карлтон и од министерството за имиграција кажаа дека не се противат на негово привремено останување во Австралија.


