Познатата песна „Хотел Македонија“ на сите ни е добро позната, ама во Австралија, членови на клубот Мелбурн Најтс (хрватски клуб на иселениците на оваа земја), напишаа стихови врз база на таа музика за фудбалската историја на иконата на Македонците во земјата на кенгурите – Престон Македонија.
Песната беше промовирана на радио-програмата на хрватскиот клуб, посветена на најстариот македонски клуб во Австралија, чиј тренер беше и првиот македонски селектор Андон Дончевски, кои од поодамна живее на далечниот Исток.
Песната има фудбалска тематика, ја раскажува и фудбалската историја на македонскиот клуб, зборува за старите и убави денови во австралискиот фудбал, за пресметките со Вестерн Иглс (Марибринг Полска) и Рингвуд сити…
Песна која задолжително треба да се слушне. Секоја чест!



