ИНТВ со голема благодарност до МКЦ „Илинден“ – Перт

Сателитската телевизија ИНТВ со длабока почит и искрена благодарност му оддава признание на г-дин Никола Мурески, претседател на Македонскиот културен центар „Илинден“ од Перт, Австралија.

Во време кога зачувувањето на македонскиот идентитет, традиција и култура е поважно од кога било, Никола Мурески е симбол на посветеност и визија. Со својата несебична поддршка и љубов кон македонската заедница во Западна Австралија, тој неуморно работи на унапредување на заедништвото и негување на македонските корени на далечниот континент.

Посебна чест и гордост ни претставува тоа што ИНТВ е дел од одбележувањето на значајниот 35-годишен јубилеј на МКЦ „Илинден“ – Перт, еден од најважните столбови на македонската дијаспора во Австралија.

Со ова признание сакаме од сѐ срце да кажеме:
Ти благодариме, Никола!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*