Македонската естрада МОЛЧИ за колегата: Само овие две пејачки излегоа со поддршка за Ламбе!

Uncategorized

Иако македонската јавност во најголем дел му дава поддршка на Ламбе Алабаковски, сепак неговите колеги уметници молчат и не покажуваат солидарност кон пејачот. Меѓу ретките кои излегоа со јавна поддршка за Ламбе се пејачките Сара Мејс и Бојана Скендеровски.

– Ламбе. Додека сите седевме во комфорната зона, и ќутевме, си се чувавме од притисоци, си викавме “ ќути има и полошо”, “јас ли ќе ја опраам државава” и сл. во кафана се лупавме во гради дека сме патриоти…

Ламбе ни покажа дека е доста од понижување,доста е од газење врз достоинството,не размислуваше дали ќе го затворат и нема да ги види своите дечиња,дека нема да заработува за егзистенција,и му прети затвор поради палење врата на една просторија која беше симбол на газење на македонското достоинство.

Еден клуб кој го отворија со најголеми почести,а имаше за цел да ја продлабочи македонската рана,за да не боли повеќе! Со тебе сме Ламбе,горда сум што те имам за пријател,колега!“

Своја поддршка даде и Сара Мејс, која сподели песна од Ламбе и напиша: Ламбе, ти си наша икона!


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *