20 минути говор на поранешниот британски премиер чинат 386.000 евра

Поранешниот британски премиер Тони Блер денеска е гостин во Македонија.Тој имаше средба со премиерот Заев.

По средбата од Кабинетот на Владата беше истакнато дека гостинот исклучително „за  значајна ја оценил иницијативата „Отворен Балкан“ и потенцираше дека целите кон кои се стреми овој проект за поврзување на регионот во заеднички пазар и на многу други нивоа ќе им донесе многу придобивки на граѓаните на Македонија, Албанија и Србија и ќе биде акцелератор на процесот за членство на овие земји во ЕУ“.

Поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер oфицијално во Скопје доаѓа во име на неговиот Институт за глобални промени.

Но, треба да се знае дека откако не е веќе активен во политиката Тони Блер ништо не прави за џабе. Тој сега има нова кариера и заработува како говорник на разни настани, конференции а често го викаат и влади кои сакаат да се пофалат со негово присуство.

Весникот „Индипендент“ тврди дека 20 минутен говор на Блеер чини 330.000 фунти или преведено во „наши пари“ 386.000 евра. Најевтиното обраќање на Блер чини 100.000 фунти а од говори досега има заработено 20 милиони евра.

Пред неколку години дури и Шведскиот форум за гладните морал да го откаже неговиот говор бидејќи бил прескап.

На интернет страницата peakerbookingagency.com може да се резерива настап на Тони Блер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*