21 година од масакарот кај Вејце

Денеска се навршуваат 21 година од подмолниот напад кај тетовското село Вејце во кој осум припадници на специјалните единици на МВР ги положија своите животи во одбрана на Македонија.

Загинаа Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.

Осумтемина загинати бранители, во војната од 2001 година, заедно со уште шестмина кои преживеаја, беа нападнати од заседа движејќи се меѓу тетовските села Селце и Вејце. Нивните тела од беа масакрирани и запалени на планинскиот пат од страна на терористите на ОНА.

Шесттемина преживеани биле во последното возило од колоната. Повредени, успеале да се извлечат и да јават за масакрот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*