МАТИЦА НА ИСЕЛЕНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА РЕЦИПРОЦИТЕТ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

15 април 2022 година, Битола, Македонија – Матицата на иселеници од Македонија (МИМ) го осудува отварањето на библиотека во таканаречениот “бугарски културен центар Иван Михајлов“ во Битола со над 2.000 антимакедонски учебници и историски книги, а во присуство на висока неформална бугарска државна делегација од Бугарија на чело со бугарскиот премиер Петков и потпретседателката на Бугарија Јотова.
МИМ бара забрана на оваа скандалозна провокација за рехабилитација на фашизмот во Битола со присуство на висока неформална бугарска државна делегација, затоа што Владата во Софија смета дека Македонците се Бугари, не го признава постоењето и ги забранува сите здруженија и политички партии на Македонците во Бугарија!
МИМ смета дека во Македонија нема “бугари“, ниту “македонски бугари“, туку софиски врховисти и предавници, софиски платеници, исто како што “бугари“ нема ниту во Албанија, ниту во Косово!
МИМ бара итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и распуштање на македонско-бугарската меѓувладина комисија за ревизија на историјата на државата Македонија и на Македонскиот народ!
МИМ бара унапредување на положбата, правата и слободите на Македонците во Пиринска Македонија и во цела Буагрија!
МИМ смета дека со промоција на таканаречениот “бугарски културен центар Иван Михајлов“ во Битола се повампирува фашизмот и политиките спротивни на добрососедството помеѓу Македонскиот народ и Бугарскиот народ и помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.
МИМ го поддржува протестот на Здружението на граѓани “Дамјан Груев“ од Битола, на 16 април 2022 година, сабота, во 13 часот, пред Центарот за култура – Битола, по повод доаѓањето на висока неформална бугарска државна делегација и отварањето на библиотека во таканаречениот “бугарски културен центар Иван Михајлов“ во Битола.

https://www.facebook.com/todor.petrov.355/posts/7317683068306169

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*