КОНЕЧНО ЕВРОПА СЕ РАЗБУДИ: ГЕРМАНСКА ПРАТЕНИЧКА БАРА ОД САД НИКОГАШ ВО ИДНИНА ДА НЕ ПРИМЕНУВА СИЛА И НИКАКВИ МИРОВНИ МИСИИ

Пратеничката на партијата Левица во германскиот Бундестаг и претседателка на фракцијата левица во Одборот за одбрана Жаклин Настиќ изјави дека нападот на НАТО на Сојузна Република Југославија е преседанот.

НАТО агресијата на поранешна СР Југославија е преседан кој САД и „коалицијата сојузници“ го продолжија во 2003 година против Ирак, а сега го користи и Русија против Украина, оцени пратеничката на Левица во германскиот Бундестаг Жаклин Настиќ.

„Денес, на 24 март е 23-годишнината од НАТО агресијата на СРЈ. Тој напад беше јасно и ладнокрвно кршење на меѓународното право и претставува преседан, кој САД и коалицијата го продолжија во Ирак во 2003, а сега го користи и Русија против Украина“, оцени Настиќ.

Таа потсети дека Југославија беше бомбардирана 77 дена, под изговор, како што го цитираше тогашниот шеф на германската дипломатија Јошка Фишер, „да се спречи втор Аушвиц“.

„НАТО уништи градови, училишта, болници, електроцентрали, цркви, меморијални центри, мостови, возови… делумно дури и со муниција од осиромашен ураниум. До ден денес населението има здравствени последици“, укажа германската пратеничка.

Истакна дека жртви на бомбите пред сè беа цивили, додека штетата по војската беше ограничена.

Настиќ истакна дека тогашниот портпарол на НАТО Џејми Шеј го создаде поимот на наводно неизбежни „колатерални штети“, што треба да го опфати убивањето цивили и разурнувањето цивилна инфраструктура на студен бирократски јазик.

„Меѓутоа, во војните најчесто жртви се децата, жените и мажите кои не учествуваат во конфликтот. Тоа е една причина повеќе да се отфрлат сите војни“, порача таа.

Подвлече дека партијата Левица бара безусловно враќање на меѓународното право, кое содржи забрана на примена на сила: „Не смее да има исклучоци“, порача Настиќ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*