Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе го испитува начинот на кој македонските судии ги водат кривичните предмети, но и одредуваат притвор.
Основа за ова е новиот случај кој Сашо Мијаков го покренува против државата, со кој го оспорува притворот кој му е одреден во 2018 и 2019-та година за предметот Таргет Тврдина.
Европскиот суд отвара две клучни прашања: дали може да се отповика аболицијата дадена од страна на екс претседателот Иванов и дали службените белешки на Агенцијата за национална безбедност можат да бидат доволна основа за одредување на мерка притвор, пракса која е се почеста во македонските судови.
Иако овој случај се однесува на притвороот на Мјиаков, адвокатот Илиевски вели дека ако Европскиот суд во Стразбур донесе пресуда дека со изречената мерка притвор се прекршени човековите права, тогаш оваа пресуда ќе влијае и врз сите останати предмети во кои се судат лица кои беа аволицирани од Иванов.
На прашањата на Европскиот суд за човекови права државата има рок да одгтовори до средината на февруари идната година, по што судот треба да донесе и конечна пресуда.



