Германската полиција откри 23 килограми кокаин кај возач од Македонија

Германската полиција пред неколку дена откри околу 23 килограми кокаин во возило „ситроен“ кое било управувано од 41-годишен македонски државјанин, кој бил уапсен, пишува Bsaktuell.

Се работи за кокаин со пазарна вредност од неколку милиони евра, кој бил запленет од службеници на граничната полиција во Линдау и граничната полициска станица на автопатот А7 во близина на тунелот Фисен, кој ги поврзува Австрија и Германија.

Дрогата била спакувана во неколку пакети и сместена во скриен бункер.

При проверката на автомобилот на македонскиот државјанин во вторникот, полицајците во багажникот откриле специјално направен бункер за шверцување. Во него имало околу 23 килограми кокаин и готовина, соопштија од германската полиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*