емиџиите го копаат тунелот да ја срушат Отоманската банка во Солун!

Од изнајмениот дуќан кој е претворен во фризерски салон, копаат тунел со цел да стигнат до темелите на банката каде што треба да постават 300 килограми динамит и целата банка да ја разнесат во воздух!

Целта на солунските атентати е да го привлечат вниманието на Европа за македонското прашање, да направат материјална штета на европскиот капитал во Империјата и сите акции по можност да завршат со нула човечки цивилни жртви.

Договорот е секој гемиџија самиот да одлучи во текот на својата акција дали ќе се саможртвува или ќе се обиде да преживее.

Восочни фигури во „Музејот на македонската борба“ во Скопје!


