Резултатите од есенскиот попис, кои беа споделени пред неколку дена, предизвикаа низа полемики и дебати во јавноста.




Особено внимание предизвикаа оние 132 илјади луѓе, кои биле адмиснистративно попишани, а за кои се смета дека го бојкотирале пописот.
Општа е оценката дека со бојкотот, се нанесе голема штета на македонските интереси, па дури се оди дотаму, што некои аналитичари сметаат дека поттикнувачите на бојкот, смислено завеле дел од популацијата, за туѓи интереси.




Ова особено беше изразено во дијаспората, каде одредени ликови кои служат само за пшренесување на ставовите на одредени центри, во еден ист ден имаа два става!
Едниот, дека попишувањето е најпатриотскиот чин, за по неколку часа да се избрише тој статус и да се агитира за бојкот. Таков беше примерот со еден наш иселеник во Канада, кој е особено активен на социјалните мрежи.




Зоран Ивановски е наш иселеник во Америка, кој секојдневно ги коментира настаните од Македонија и од Светот. Тој во неговите статуси инсистира на доследност и ги потсетува „стручњаците“ за сè и сешто, што кажале вчера, а што кажуваат денес.




Ивановски со коментар за бојкотирачите, особено оние од дијаспората:
„Минатата година аг ресивно бараа бојкот на попис во сопствената држава, да повторам во сопствената држава за да сега негодуваат на резултатите од истиот.




Дијаспората особено онаа од Австралија уште поа гресивна напаѓа секого кој не мисли како нив, бара бојкот на парламентот, бојкот на изборите…..
Одиме кон реалноста, бараат да не се признае пописот,бараат народ на улица, па да прашам каде се оние 132.000 инаетчии да излезат сега на улица и да спијат пред собрание.




Каде е Австтралиската дијаспора да собере $10 милиони па да ги испрати во Македонија да се купат автобуси со кои ќе се носат демонстрантите пред собрание, ќе се плати за храна и шатори за истите, ќе се закупат тв станици да вртат информации за протестите?




Поради лична желба да бидете интересни и поради неколку мали кретенски партии кои се обидуваа да соберат некој политички поен направивме штета на државата која ќе трае најмалку 10 години ако не и повеќе. И прекинете да дебатирате и да ги кривите Албанците ама ништо не се тие криви.




ПС. Бабата донела некоја торта за роденден, малиот Трајче бил лут на некој, па се крие на таванот, па избегнува да појде во кујна за на крајот од вечерта да влезе и да види дека нема торта. еЕ па нема шо мислеше!“



