Од Македонија до Австралија: Сања Ристеска со спектакуларен свадбарски сплет снимен во Мелбурн!

Фолк пејачката Сања Ристеска, која подолго време живее и успешно работи во Австралија, повторно ја воодушевува публиката со својот најнов музички проект – сплет од македонски свадбарски песни, снимен и реализиран на еден сосема поинаков, модерен и светски начин.

Видеото е снимено во соработка со австралиската ИНТВ – Македонска музичка телевизија, медиум кој ја пренесува македонската песна и традиција до нашинците ширум светот. Проектот е визуелно атрактивен и автентичен, со кадри снимени на јахта, како и на повеќе ексклузивни локации во Мелбурн, што му дава посебен гламур и свежина.

Со овој свадбарски сплет, Сања Ристеска уште еднаш докажува дека македонската народна песна нема граници, а традицијата може да се претстави на современ и елегантен начин, без да ја изгуби својата душа.

Да потсетиме, Сања Ристеска имаше успешна и запаметена кариера и во Македонија, но животниот пат ја однесе во Австралија, каде што продолжи активно да твори, настапува и да ја негува македонската музика меѓу дијаспората. Денес таа е едно од препознатливите имиња на македонската фолк сцена на петтиот континент.

Во продолжение, погледнете го најновиот проект на Сања Ристеска и уживајте во македонската свадбарска магија, пренесена директно од Мелбурн до целиот свет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*