Дечките од Блу бенд, кои публиката ги препознава како модерна поп група со песни и спотови што одлично котираат на музичката сцена, овојпат направија целосен пресврт и пријатно ги изненадија своите фанови.
Имено, Блу бенд го реализираа својот нов музички проект со фолк призвук, насловен „Патуваме со песна“ – проект кој претставува музичко патување низ Македонија, испреплетено со рефрени од најпознатите и најомилени македонски народни песни.
Она што го прави овој проект посебен е тоа што песните се наменски избрани и инспирирани од повеќе градови од Македонија, со што Блу бенд им оддава почит на различните музички традиции и локални мелодии кои ја градат македонската фолк ризница. Секој дел од проектот носи дух, боја и емоција карактеристична за поднебјето од кое потекнува.
Со „Патуваме со песна“, Блу бенд покажуваат дека се музички зрели, храбри и подготвени за нови предизвици, докажувајќи дека нивниот вокален и инструментален израз одлично функционира и во фолк аранжмани, без да се изгуби препознатливиот квалитет.
Како звучи Блу бенд кога поп сцената ја заменува со македонската фолк музика?
Во продолжение, послушајте го проектот „Патуваме со песна“ и уверете се дека добрата музика нема жанровски граници



