Рама од Приштина ја нападна Србија: „Поразени бевте на бојното поле“

Приштина – Албанскиот премиер Еди Рама ја нападна Србија по состанокот со косовскиот премиер Албин Курти во Приштина.

Тој ја обвини Србија дека „прави театарски маневри на северот на Косово“, пренесува Газета експрес.

„Нема сомнение дека на прво место, и пред се Србија мора да ја признае оваа неповратна реалност, и навистина е жално што наместо конкретен напредок во дијалогот кон меѓусебно признавање и конечно ослободување од минатото, денес сме сведоци на театарски воени маневри на границата со суверената држава Косово “, рече Рама.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*