ШОК ПРИЗНАНИЕ НА МИТРОПОЛИТОТ ПИМЕН: „БЕВ ИЗЛАЖАН, А ЈАС ГИ ИЗЛАЖАВ ГРАЃАНИТЕ“ – ПОВИКОТ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ БЕШЕ ГОЛЕМА ГРЕШКА

Митрополитот Пимен отворено признава дека згрешил со повикот упатен до граѓаните во 2018 година да излезат на референдумот за промена на името. Во поткастот на „Слободен печат“, владиката без задршки вели дека од денешна перспектива тој потег го смета за сериозна и лична грешка.

– Од оваа перспектива, мојот повик до граѓаните да излезат на референдумот за промена на името го сметам за голема грешка. Практично, некој мене ме излажа, а јас ги излажав останатите – изјави митрополитот Пимен.

Тој објаснува дека во тој период бил искрено убеден дека процесот ќе донесе подобра иднина за државата, но наместо тоа, како што вели, резултатот бил длабоко разочарување.

– Јас мојот потег го чувствувам како своја грешка и како своја наивност – искрено признава владиката.

Сепак, Пимен не ја прикажува целосно состојбата во црни тонови. Иако членството во НАТО и натаму е предмет на поделени мислења во јавноста, тој посочува дека во одредени критични моменти било од пресудно значење. Како конкретен пример ја наведува трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога, според него, брзата реакција и поддршката од меѓународните партнери помогнале да се спасат човечки животи.

Кога станува збор за европските интеграции, митрополитот зборува внимателно и без голем оптимизам.

– Се плашам дека нашата надеж за евроинтеграција веќе се сели низ Европа – констатира Пимен, алудирајќи на неизвесноста и долгогодишните блокади на македонскиот пат кон ЕУ.

Во однос на црковните прашања, особено дилемата околу тоа кој треба да го додели „конечниот“ томос за автокефалност, митрополитот не зазема цврст став.

– Тоа не значи дека ни се потребни два томоса за автокефалност, но прашањето кој го доделува последниот томос, нека си го одговорат Српската православна црква и Вселенската патријаршија – порачува г. Пимен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*