Ова лето, на големата музичка сцена на фестивалот „Песна на летото 2025“, своето место под светлата на рефлекторите го обезбеди и Анета Лумаковска. Со нејзината нова и моќна нумера „100 по Рихтер“, таа успеа да го освои второто место според оценките на стручното жири, во конкуренција на голем број етаблирани и млади изведувачи.
Песната, која веднаш по изведбата ја освои симпатијата на публиката, се издвојува со силен вокал, динамична интерпретација и енергична сценска изведба, каква што публиката одамна очекуваше од Анета.
Анета Лумаковска вели дека „100 по Рихтер“ е песна која ја опишува нејзината емоционална енергија и љубов кон музиката:
„Среќна сум што жирито ја препозна мојата искреност и трудот што го вложивме во оваа песна. За мене ова признание е уште поголем мотив за понатаму.“
Со ова признание, Анета уште еднаш го потврдува својот статус на една од најперспективните македонски пејачки, а „100 по Рихтер“ веќе полека се пробива кон врвот на топ листите и во срцата на љубителите на добрата музика.
https://www.youtube.com/live/DdD2ZnAMBEw