На овогодинешното издание на фестивалот „Песна на летото 2025“, престижната награда за најдобра балада заслужено ѝ припадна на Татјана Лазаревска. Пејачката ја воодушеви публиката и жирито со изведбата на нејзината најнова песна „Жена Хероина“, дело на композиторот и текстописец Орце Зафировски.
Татјана, која со години живее и работи во Австралија, летово е и една од најбараните фолк пејачки во Македонија, настапувајќи на бројни концерти и манифестации низ целата земја. Нејзиниот топол вокал, харизма и емоционален пристап кон музиката ја прават омилена меѓу публиката и колегите.

Со „Хероина“, Лазаревска повторно докажа дека е уметник кој знае како да ја допре душата на слушателот, а наградата од „Песна на летото“ е само потврда за нејзиниот квалитет и долгогодишна посветеност кон македонската музика.
