Анастасија Митровска ја освои наградата за најфестивалска песна на „Песна на летото 2025“

Младата и надежна пејачка Анастасија Митровска годинава ја доби наградата за „Најфестивалска песна“ на престижната манифестација „Песна на летото 2025“, што се одржа на летната сцена на ИН продукција во Охрид.

Наградената песна, која првично ја претстави и ја испеа на Фолк фест Валандово, успеа да го освои срцето на публиката и жирито и да ја потврди талентираната Анастасија како едно од најсветлите нови имиња на македонската музичка сцена.

На овогодинешното издание на „Песна на летото“ учествуваа повеќе од дваесет изведувачи од цела Македонија, кои на една сцена ја прикажаа својата енергија, музика и љубов кон публиката.

Со својата харизма, глас и искрен настап, Анастасија Митровска уште еднаш покажа дека е подготвена за големи успеси и дека публиката допрва ќе слуша за неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*