Македонец стана советник во општина Равесторп во Западна Австралија

Роберт Милошески e прв советник, Австралиец со македонско потекло во Западна Австралија. 

Toj на неодамнешните локални избори стана првиот Австралиец од македонско потекло советник во општина Равесторп во Западна Австралија.

Роден е во Перт, а по потекло е од село Алинци, Општина Прилеп. Милошески е успешен бизнисмен со недвижнини.

Почесниот македонски конзул Зоран Косески од негово и од името на македонската амбасадорка во Австралија Билјана Стефановска – Сековска на Роберт Милошески му го честитаа изборот и му посакаа успех на новата функција. Во Австралија живеат над 100.000 граѓани со македонско потекло. 

Вкупно 111.352 лица со македонско потекло живеат во Австралија, а 66.173 од нив го зборуваат македонскиот јазик во домот, покажаа податоците од пописот во земјата од 2021 година, пишува Ес-Би-Ес.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*