Со разлика од околу 2.000 гласа во однос на својот противкандидат Ацо Ристов кој беше кандидат од редовите на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата, е новиот градоначалник на Општина Радовиш.
Според обработените податоци од ДИК Ацо Ристов има освоено 5.687 гласа или 58,84% од вкупните гласачи. Додека за кандидатот од СДСМ и Коалцијата Коле Чаракчиев, довербата ја дале 3.643 или 37,69% од вкупните гласачи.
Ацо Ристов и ВМРО-ДПМНЕ веќе ја прославија победата во центарот на Радовиш. Тој пред радовишани вети дека уште од утре, ќе се зафати со работа и со реализација на сето она што го вети во кампањата.

