Во трагичната несреќа што се случи во Швајцарија, според неофицијални информации, меѓу присутните имало и македонски државјани, а по еден од нив сè уште се трага. Станува збор за младиот Стивен Ивановски, за кој семејството и пријателите упатуваат итен апел за помош до јавноста.
Стивен последен пат е виден на 31 декември, за време на пожарот што избувна во барот „Ле Констелејшн“ (La Constellation) во познатиот зимски туристички центар Кран-Монтана, каде во тој момент имало голем број посетители.
Според информациите објавени од неговите најблиски на социјалните мрежи, Стивен во кобната ноќ бил облечен во бели панталони и бел дуксер, како што се гледа и на фотографиите што се споделуваат во јавноста. Постои можност кај себе да ги имал и специфичните очила за сонце кои ги носи на некои од сликите.

Семејството и пријателите стравуваат за неговата состојба и апелираат до сите кои можеби го виделе Стивен, или имаат каква било информација дали бил примен во некоја од болниците во Женева или Цирих, веднаш да се јават.
Контакт телефони за информации:
📞 076 415 0868
📞 076 385 7165
📞 078 229 5745
„Братучед ми е исчезнат во пожар вчера во Швајцарија. Ако некој го има видено, нека нè контактира“, стои во апелот објавен на македонски јазик на социјалните мрежи.
Јавноста се повикува на солидарност и споделување на информацијата, со надеж дека Стивен ќе биде пронајден жив и безбедно.

