Фолк-пејачката, тетовката, Силвана Крстовска издаде одеднаш дури три книги. Да потсетиме дека Силвана е дипломиран професор по македонски јазик и книжевност и дека пишува од малечка, но аматерски и само за себе.Нејзини песнички како малечка имаат објавено ,, Свет” и ,, Развигор”- тогашните детски магазини.Професионално на пишувањето се посветува со почетокот на пандемијата додека музичката кариера ја става во втор план и на пауза.За многу кратко време таа се стекнува со многу значајни награди од областа на книжевноста сериозно навлегувајќи во книжевните води како многу квалитетен автор. Промоцијата на книгите се случи на 16 октомври во Музејот на град Тетово, во Тетово.На истата беа присутни поинтимен круг на гости меѓу кои и универзитетски професори и соработници на Силвана. Две од книгите се поезија додека едната е прозно дело. Првата книга е детска стихозбирка која излегува истовремено со превод на албански јазик и со поддршка на Министерството за култура.Во неа има 30- ет песнички за живиот свет кој може да се сретне во македонските шуми и секоја песничка има илустрација во боја.Песничките се поучни и се наменети за претшколска и ранашколска возраст. Втората книга е збирка раскази од 160 страници со наслов,, Мириса на детство” и во неа главната хероина Сара со нејзините другари ја даваат реалната слика за животот на 11-годишните деца во време од доцните 80- ти и раните 90- ти години од минатиот век.Таа е наменета за да ја опфати и повозрасната читателска публика, но и за деца од 10 до 13- годишна возраст. Третата книга е сонетен венец со наслов,, Љубов, надеж, вера” и во неа акцентот е ставен на љубовта како најмоќното оружје на светот.Силвана таа ја посветува на нејзиниот Иги и синовите Данило и Дамјан.Наменета е за сите романтични души и вљубеници во пишаниот збор. Ние и посакуваме да биде уште поуспешна и да и се множат пишаните дела.


