Ирска од утре ќе ги укине речиси сите ограничувања во однос на Ковид-19, вклучително и мерките кои се однесуваат на угостителскиот сектор, ограничувања на спортските настани и барањата за доказ за вакцинација при влез во затворени простории.
Оваа одлука ја објави премиерот Мајкл Мартин во телевизиско обраќање до нацијата.
„Денес е добар ден“, рече тој.
Од овој викенд, ирските пабови, ресторани и другите угостителски објекти ќе можат да се вратат во нормална работа, а од клиентите нема да се бара дигитална карта за COVID.
Владата ќе ја задржи обврската за носење маски во јавниот превоз и продавниците до крајот на февруари, како и некои мерки во училиштата, рече Мекинти во видео објавено на „Инстаграм“ по седницата на ирската влада, пренесе „Ројтерс“.


