ВИДЕО: Волкановски влезе во октагонот и го прифати предизвикот на Хабиб

Uncategorized

Александер Волкановски моментално важи за борач број еден во УФЦ. Актуелниот шампион во „пердув“ категорија сака да стане сопственик на два појаси, па во иднина најави дека ќе се натпреварува во лесна категорија.

Ислам Махачев вчера го победи Чарлс Оливеира на УФЦ 280 и стана нов шампион во лесна категорија. Тој го наследи големиот пријател Хабиб Нурмагомедов и го врати појасот во Дагестан. Токму Хабиб беше човекот кој во интервјуто по борбата го предизвика борачот со македонски корени, кој живее во Австралија.

Руските шампиони му порачаа на Волкановски дека ќе гостуваат во Австралија и ќе го победат на домашен терен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *