Ќе има ново покачување на цената на струјата, но ќе направиме се за граѓаните да не осетат, вели првиот човек на Електрани на Северна Македонија. Во моментов се прават пресметките за цената на електричната енергија што компанијата ќе ја продава на ЕВН Хоум од 1 јули до 31 декември годинава. Се анализираат и можностите за намалување на трошоците на компанијата за дополнителни 15 проценти и за зголемување на производството за дополнителни 20 проценти.
„Ние ќе успееме да постигнеме значително пониски цени за да може на крајот да овозможиме ЕВН Хоме кај регулаторот да побара односно да добие цена која што ќе биди со некое благо покачување на цената за граѓаните и повторно ние како компанија уште еднаш да покажеме општествена одговорност, граѓаните да не осетат значително покачување на цената на електрична енергија“, истакна Васко Ковачевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во период од 2019 до 2021 година, за време на владеење на СДСМ и ДУИ, Македонија има произведено за еден милион мегават часови помалку електрична енергија. „Ако еден мегават час електрична енергија на светските берзи е 250-260 евра во моментов, тоа се изгубени 250-260 милиони евра за електрична енергија којашто мора да се увезе и тие девизи да излезат надвор и затоа сметките на граѓаните се покачени веќе за 10 проценти, а ќе бидат покачени веројатно и за дополнителни 30 проценти, а за компаниите, за општините и за институциите сметките се покачени за 500 до 600 проценти“, вели во интервју за Радио слободна Европа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
„Граѓаните треба да знаат дека фирмите во коишто работат веќе плаќаат пет до шест пати повисока цена на електрична енергија и прашање на време е кога ќе го стават клучот на врата и ќе затворат, затоа што нема да можат да ги плаќаат сметките за струја и ќе ги отпуштат работниците на улица“, посочи Александар Николоски.
Од ЕСМ уверуваат дека се подготвени за второто полугодие каде ќе бидат произведени потребните количини енергија, а се надеваат дека ударот врз министерствата, особено труд и социјала во чии ингеренции се градинките или МОН за училиштата.


