Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 7 април 2022 година (четврток), по повод празникот Благовештение на Пресвета Богородица, во катедралната црква „Св. Софија“ – Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.


